Премиерот Зоран Заев одамна излегол од Муртино, ама муртинското не излегло од него, ниту, пак, некогаш ќе излезе. И така, наместо во Европа, Европа ќе ја носи дома, ама на муртински начин,анализира „Пресинг ТВ“.
А, тој муртински, простачки начин подразбира со раце да го покажуваш „стапот“. Синоќа тоа беше случај во скопски Аеродром. Угледниот, достоинствен и чесен премиер на аеродромци и на скопјани им го покажа „стапот“ по математика. За таа, де, што наводно си ја направиле Данела Арсовска и Тимчо Муцунски за квадрати.
Е сега, дали тој истиот премиер Зоран Заев денеска на средбата и заедничкиот ручек со германската канцеларка во заминување Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и бугарскиот Румен Радев, ќе се осмели истото и ним да им го направи? Да им го покаже „стапот“! По математика. Онаа нивната, што си ја направиле за конечен почеток на официјалните преговори на Македонија за членство во ЕУ. Па, можеби и ќе му се насмеат. Онака слатко, како што се изнасмеаја сопартијците на Заев во Аеродром.
Би било интересно да се види „храброста“, „машкоста“ и простаклукот на Зоран Заев во друштво на првите луѓе на Европа. Ќе му честитаат дури, а можеби и ќе го предложат за Нобелова награда. Овојпат не за мир, туку за „стап“ математика.
Нему и онака му остана стапот. Само не неговиот, туку оној од политиката на „морков и стап“. Со него толку од Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.