Ги повикувам сите граѓани кои мислат дека државата не оди во правилна насока, а според анкетите тој процент е огромен без разлика на нивната партиска, етничка, политичка определба да ни се придружат. Темелите на државата се начнати, не можеме да градиме куќа со начнати темели. Тоа е суштината на еден ресет во општеството што треба да го направиме, одговори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прашањето на уредничката на ТВ Телма Јулијана Лефковска кој кандидат за претседател на државата би го поддржал тој лично, ако во моментов се вртат имињата на Влатко Ѓорчев и Гордана Силјановска Давкова.

Ќе го поддржам оној кандат кој ќе победи на конвенцијата на 16 февруари, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.