По најавите на министерот за здравство Венко Филипче дека следуваат нови рестриктивни мерки, а не се исклучува ни повторното воведување на полициски час, јавноста бурно реагира, а актерот Сашо Тасевски прашува – Сфативте дека немате контрола врз епидемијата, а фотељи веќе си обезбедивте, па дај пак народот ќе го јаваме?
Може вака да се договориме. Вие што си го слушате Филипче од прв ден, да си носите маски и на отворено и под туш и на ќенеф, а ние другите ко и до сега….
Што е глувчиња?
Сфативте дека немате контрола врз епидемијата, а фотељи веќе си обезбедивте, па дај пак народот ќе го јаваме. Ќе го држиме во карантин, додека крадеме на големо за време на полициски час?
Тоа е идејата? Затоа пак ќе кревате паника до плафон. Пак пресови секој ден на љубениот ви Филипче?
Секој ден од пет до седум умрени од корона, наназад три месеци. 18 илјади заболени од почетокот до сега. Прогнозите на вашиот Филипче беа само две илјади дека ќе има.
И уште го слушате Филипче?
Нешто сериозно не е во ред во вашите глави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.