Армијата треба да спроведе сериозни реформи. До АРМ се стигнати насоки дека во Кабинетот на Шекеринска, во Генералштабот на Армијата и во военото разузнавање на исклучитечно високи позции се поставени лица кои се соработници и на надворешни странски служби, изјави неодамна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во едно интервју цитирајќи свои извори од НАТО. Според изворот на Никлоски, овие лица мора да бидат отстранети за Македонија да биде кредибилен партнер, односно да не излегуваат информации надвор од НАТО.
Кога ќе се заврши овој процес, тогаш ќе станеме членка на НАТО и тогаш ќе зборуваме за кревање знамиња, рече Николоски.
Во почетокот на есента хрватскиот протал „Хрватска данас“ објави текст со наслов „Длабоки врски: Може ли Македонија во НАТО со такво ракводство во Министерството за одбрана?“, во кој пишува дека „главното раководство на Министерството за одбрана на Македонија во моментов се состои од лица со длабоки приватни, роднински, оперативни и политички врски со Република Србија“.
Новинарот Иван Маровиќ од хрватскиот портал се фокусира на неколку лица во тесното раководство на Министерството за одбрана.

„Државен секретар е Драган Николиќ, син на поранешен офицер на ЈНА од Србија. Освен што е партиски ангажиран во СДСМ и врши логистика за испраќање во мисии луѓе блиски на СДСМ и секако нивна промоција, нема значаен придонес за МО“, пишува во текстот.

Мирослав Стојановски, државен советник и најблизок соработник на Шекеринска



Државен советник, а истовремено и најблизок соработник на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и главен стручњак за човечки ресурси, е Мирослав Стојановски, поранешен капетан во Војската на СФРЈ во време на српската агресија на Хрватска и окупацијата на Вуковар, а беше обвинет и за убивање невини цивили. По окупацијата на Вуковар унапреден е во чин мајор на ЈНА, стои во текстот.

Началник на Воената разузнавачка служба е Горан Василевски, лице кое има врски со Војската на Србија, што повторно е директна причина што подолго време не добивал сигурносен сертификат. Василевски е еден од ретките вработени во Македонската армија кој во 2013 година пишувал во весникот на Министерството за одбрана на Србија без претходна согласност на Министерството за одбраа на Македонија, пишува Маровиќ во текстот.
Тој се повикува на мислења на стручњаци од оваа област, кои нагласуваат дека за да се објави текст во службено јавно гласило на војската, авторот на текстот треба да биде поврзан со уредувачката структура на гласилото, т.е. повисоките челници на државата.
Се поставува прашањето ќе може ли Македонија со ваква организациска структура која очигледно е поврзана со некоја држава која не е членка или партнер на НАТО, во случајов Република Србија, да биде вистински парнер на останатите членки на НАТО, особено на Хрватска, завршува текстот објавен денеска на Хрватска данас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.