Oткако координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески на социјалните мрежи сподели листа на закони кои се носат со двојно мнозинство, во насока на тоа дека Законот за Советот на јавни обвинители не спаѓа во таа група, со контрааргументи се јави и пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

За несреќа на оној колега, координатор на СДСМ, кој не знам дали важи за слаб или добар познавач на процедурите, да разјасниме: Оној стенограм и гласање што ги споделува се од време кога со Законот за Советот на СЈО не се регулираше употребата на јазиците и следствено на тоа, не се ни гласаше со БАДИНТЕР…, објасни Димовски.

Но, додаде тој, во денешниот Закон како прв член ја регулираат употребата на јазиците, а тоа повлекува друга постапка… (види слика 1)

Тоа што прифатија сè што им текна на колегите Албанци за овој Закон, не е проблем за мене, туку покажува колку очајно на СДСМ му требаше овој закон за амнестија на сè што сторија минативе години, вели Димовски.

Дообјасни дека  Уставот на Република Македонија во неговиот Амандман 10 регулира дека со БАДИНТЕР се гласаат закони кои регулираат употреба на јазици… (види слика 2)

Колегата треба да знае дека Уставот е највисок акт. Без разлика што учествуваше во неговото менување, Уставот и за него, и за колегата Талат важи и понатаму.

 

Законот за Комитетот за односи помеѓу заедниците во членот 11, став 4, што и овој колега и неговиот сопогазувач на Деловник и Устав Талат Џафери, го кријат и избегнуваат го вели истото дека сите идни закони кои ќе регулираат прашања за јазикот на заедниците ќе се гласа со БАДИНТЕР… (види слика 3)

 

Талат сам си најави дека овој закон се гласа со БАДИНТЕР. Тоа што заборавил, намерно или не, е ваша и негова работа… (види видео подолу), порача Димовски.

П.С. СДС никогаш немал послаб, позбунет и попослушен состав во Собрание…, порача на крајот тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.