Поранешниот државен секретар во Министерството за надворешни работи, Емил Киријас, во вечерашното гостување на телевизијата 24 рече дека приведувањето на македонскиот дипломат во Србија не е само скандал во дипломатијата, туку и скандал во државата.

Тука се поставува прашањето како е можно Ерменија, односно трета држава да бара наш граѓанин со црвена потерница, а нашето министерство и обвинителство да не преземаат ништо. И треба да се напомене дека овде не станува збор за еден, туку за тројца наши дипломати. Едниот од нив е во притвор, но другите двајца се во нашата земја, рече Киријас.

Немаме информации како постапуваат МВР и обвинителството. Кога имате индиции дека ваш државјанин има потерница од Интерпол, а тоа го знаеле во МВР, логично е МВР да го информира МНР дека има дипломат кој се бара со потерница. Ова покажува дека нема никаква комуникација помеѓу институциите во државата – ако постои црвена потерница од тројцата, како тие воопшто излегле од државата? Што правеле државите низ кои тие поминувале? Сигурно Миленковски во Србија не влегол со дрон, тој поминал преку границата на Унгарија или преку Словенија и Хрватска, вели Киријас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.