Пратеникот Александар Кирацовски во Обвинителството за организиран криминал и корупција утрово ќе дава исказ за случајот „Рекет“ .

Тој деновиве  изјавуваше дека обвинителството треба да ги повика на распит сите политичари кои контактирале со Бојан Јовановски – Боки 13 за да се стави крај на според него  „чаршиските муабети“.

Инаку вчера пратеничката Фросина Ременски седна на жешкото столче во обвинителството.

По  скоро три часовиот распит рече дека со индигнација ги отфрла сите поврзувања со предметот, а во обвинителството била повикана како лице од кое се барале известувања за „Рекет“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.