Ние имавме другар кој што внатре работеше постојано 24 часа за партијата, беше избркан од Александар Кирацовски, затоа што го обвинувавме дека сите швалерки си ги донесоа и си ги вработија од селата од Прилеп и од Битола, рече вечерва во „Што не е јасно“ на Алфа активистката на СДСМ и некогашен гласен учесник во Шарена револуција, Мери Николова Буџаку.
Се чувствуваме многу бедно, не јас како личност, како Мери Николова, туку оние луѓе кои сме опколени со нив, со интелектуалци кои се останати на улица и со месеци плата немаат земено, плаќаме кирија, се молиме на државата да ни дадат социјални станови, за двајца интелектуалци без работа, вели Николова Буџаку.
Таа истакна дека додека Заев се вози со мотори и има полиња со марихуана, која не е мала работа и се многу пари, вистински интелетуалци се на улица и се без работа и без сопствен дом.
Бараме да се сместат двајца интелекталци, да се вработат. Нека купи Заев по еден стан навистина ако е толкав лидер и хуманитарец, или нека дозволи државата да даде отчет на кого се делат социјални станови, нагласи Николова Буџаку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.