Очекував оставка од целото раководство од солидарност кон Заев, изјави за Утрински брифинг Александар Кирацовски, поранешен генерален секретар на СДСМ.
Партијата треба да биде отворена за нови личности кои ќе умеаат и сакаат да придонесат, но тоа треба да се заснова на принципиелност. Лидер од политички калибар не се создава преку ноќ. Таа личност треба да поседува, храброст, мудрост и визија. Ќе биде тешко да се најде негова замена. Во однос на оставките очекував целосна оставка од раководството пред се од солидарност кон Заев. Иако, лидерот условно кажано сам потенцираше дека се чувствува најодговорен за случувањата не е единствено одговорен – вели Кирацовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.