Амбасадорот на Народна Република Кина во Македонија, Џанг Ѕуо, во интервју за „Слободен печат“ говори за отвореноста на Кина за соработка на сите полиња, вклучувајќи ја и можноста за достапност до кинеските вакцини, како и за посебните услови кои таа процедура ги бара.

На виртуелениот настан на Светскиот економски форум на Агендата во Давос на 25 јануари, претседателот Ши Јинпинг истакна дека Кина ќе продолжи да дава се од себе за да им помогне на земјите и регионите кои се помалку подготвени за пандемијата и ќе продолжи да работи за поголема пристапност и достапност на Ковид вакцините во земјите во развој. Овие важни мерки ќе му помогнат на светот да ја надмине епидемијата што е можно поскоро.

 

Во моментов, пет кинески кандидати за вакцини минуваат низ клинички испитувања од третата фаза без проблеми во странство. Кина исто така зеде активно учество во Ковакс и во други релевантни иницијативи за меѓународна соработка. Земји како ОАЕ (Обединети Арапски Емирати) и Бахреин одобрија регистрација на инактивирани вакцини на „Синофарм“. На 30 декември 2020 година, Националната администрација за медицински производи на Кина одобри овластување за условен маркетинг за инактивираната вакцина Ковид-19 на „Синофарм“.

 

Кина и Македонија тесно соработуваат во борбата против епидемијата од избувнувањето минатата година. Кинеската страна и обезбеди на страната на Македонија официјални контакти на кинеските компании за вакцинирање и информираше дека кинеската амбасада е подготвена да помогне во комуникацијата доколку е потребно – вели Ѕуо.

Амбасадотор истакнува дека Кина е подготвена да работи со Македонија за заеднички одговор на епидемијата и да ги охрабри кинеските компании да соработуваат со Македонија за вакцините.

Би сакал да истакнам дека вакцините не се обични продукти. Постојат строги барања за нивно транспортирање и складирање. Продажбата и употребата на вакцини бара стручен кадар од стручни институции строго да ги следат спецификациите. Приватното вбризгување вакцини од непознато потекло претставува сериозен безбедносен ризик. Кина и другите земји во светот имаат закони и прописи за употреба на вакцини и секое прекршување ќе се казни со закон. Кина ги поддржува земјите во дискутирање на соработката за вакцините со кинески компании преку официјални канали – вели кинескиот амбасадор.

Целото интервју на „Слободен печат“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.