Не се гради држава со политичка памет дека само корумпиран Албанец е државотворен Албанец. А, тоа е политичка памет на оваа Социјалдемократска власт – истакна новинарот и писател, Ким Мехмети гостувајќи во „Само интервју“.
Мехмети додаде дека СДСМ ги потценува Албанците.
Комуњарите, сдсмовците ги потценуваат Албанците, дури ја потценуваат и нивната свест со ставот дека нив не ги бива за ништо, можеш да ги возиш – вели Мехмети.
Тој посочи дека логиката на СДСМ е Албанците да немаат партија, затоа што, демек, тие знаеле што е добро за Албанците.
Програмата на СДСМ „Едно општество за сите“ е само за лоповите на СДСМ и ДУИ. Кажете ми вие кој е вистинскиот Заев? Тој што тврдеше дека ДУИ е член на партијата на режимот ВМРО-ДПМНЕ или овој сегашниот што тврди дека сите овие од ДУИ се добри? Или тој што излезе како премиер за време, не за овие локални избори, туку на претходните да ја спаси ДУИ? ДУИ немаше да добие ниту една општина да не излезеше Заев да ја подржи со Љубе Бошковски и со сите – заклучи Мехмети.
Мехмети вели дека Зоран Заев е лажго и дека тој ги лаже и Албанците и Македонците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.