Новинарот, писател и публицист, Ким Мeхмети, во интервју за агенцијата БГНЕС изјави дека по Втората светска војна, стотици илјади православни Албанци во Македонија беа асимилирани во Македонци.

Мехмети тврди дека и многу од албанските манастири и цркви биле присвојувани од Македонската православна црква, како што е примерот со манастирот „Свети Јоаким Бигорски“ кај Дебар, каде што пред Втората светска војна службите се вршеле на албански јазик.

Моите предци се молеа и во овој манастир затоа што потекнувам од Горна Река. Пред доаѓањето на Османлиите, на овие простори, сите Албанци беа христијани, но таа вистината мене воопшто не ме спречува денес да бидам горд Албанец од муслиманска вероисповед.

Затоа понекогаш сум изненаден од хистеријата со која некои таканаречени македонски интелектуалци го негираат фактот дека Белград е тој што стори сè за да ги дистанцира Македонците од бугарскиот народ што е можно повеќе – вели Мехмети.

Според него, ние Балканците, треба да разбереме дека народите не се одгледуваат во фарми, ниту пак јазиците се инјектираат во човечкиот памет преку вакцини слични на оние против Ковид-19, односно треба да разбереме дека сè во оваа област е испреплетено и дека ние сме она што веруваме дека сме денес.

Но, ова не значи дека треба да се плашиме од вистината за нашите корени, бидејќи, како што реков, нациите не паднаа од небото, туку се гранки на заедничко дрво – вели Мехмети.

Што се однесува до етничките дилеми, Мехмети смета дека самата елитата на македонскиот народ е таа што ги охрабрува и негува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.