Неодамнешните настани за (не)соборувањето на македонската влада најдобро покажуваат дека сите албански партии, која повеќе која помалку, пред принципиелноста и моралот, идеологијата и идеалите ги имаат личните интереси на лидерите, интереси кои се реализираат само со доаѓањето на власт по секоја цена, пишува албанскиот аналитичар Ким Мехмети во колумна за Реалитети.

И греши тој што верува дека народот не ја знае оваа вистина. Знаејќи го ова, локалните албански гласачи постапуваат според менталитетот дека од сите зла најдобро е да се избере „мајката“ на сите несреќи, односно ДУИ, партија која во овие две децении е дел од сите влади. Народот им ги научи „шалтерите“ и им ги знае партиските „бандити“ каде што се плаќа за судските процеси, за вработување, за градежни дозволи, за купување на државно земјиште… 

Мехмети смета дека во годините кога лидерите на ДУИ се занимаваат со евроатлантските политики, ДУИ постигна всушност „нешто многу вредно за македонските политички и полициски кругови“.

Го криминализираше албанското општество овде, изградија пирамидален систем на лажни вредности, со кој се возвиши авторитетот на професори кои продаваат оценки, на лекари кои го знаат само „протоколот“ на длабочината на џебот, на судии кои подлежат само на законот на еврото и доларот…!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.