Кичево денес забележа рекорден број на новозаболени од ковид-19, вкупно 55, со што го собори досегашниот неславен рекорд од 44 лица инфицирани од овој вирус. Во изминатите десетина дена во оваа општина со 56.000 жители, има драстичен скок на новозаболени од ковид-19. Секојдневниот пораст на инфицирани придонесе вкупната бројка на заболени од појавата на коронавирусот во март да се искачи на 1.114.

Ако граѓаните не се придржуваат до протоколите пропишани од Владата, за очекување е и во понатамошниот период да ни се повторуваат слични бројки. Само одговорноста на сите граѓани е најдобрата превентива за заштита од коронавирусот. Уште еден апел до граѓаните да ги почитуваат мерките, а ако почуствуваат симптоми што посочуваат на ковид-19 навремено да се тестираат и да се изолираат, за да не го шират вирусот на останатите граѓани – апелира д-р Џабир Бајрами директор на Здраствениот дом.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.