Златко Кескоски во емисијата „Што не е јасно“ истакна дека владата на Република Македонија носи контрадикторни мерки во врска со справување на Коронавирусот.
Во текот на кризата имате контрадикторни мерки .Се забранува да се посетуваат ресторани, молови, кафани, собирање, а во исто време нема мерки за администрацијата односно владата нема никаква одлука за нив. Имате производни процеси каде што поголем број на вработени се на исто работно место, тие се контрадикторни мерки, рече Кескоски.
Тој во своето гостување посочи дека за да се спречи ширење на овој вирус треба производните процеси да се стават во некаква рамка и треба добро да бидат менаџирани.
Ако мене ме прашувате јас бев за поригорозни мерки и многу понанпред. Ние немаме државен карантин и со тоа автоматски владата покаж дека нема никаква стратегија за справување со оваа ситуација, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.