Вчера на церемонија во Стејт департментот во Вашингтон, Кејт Бирнс положи свечена заклетва како нов амбасадор на САД во Република Македонија, објави Амбасадата на САД.
Актуелниот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и поранешен амбасадор во Македонија, Филип Рикер истакна дека амбасадорката Бирнс ќе ја предводи нова ера во билатералната соработка како пријатели и сојузници на Република Македонија.
На церемонијата присуствуваа пријателите, семејството и колегите на амбасадорот Бирнс и неколкумина поранешни амбасадори во Македонија.
Бирнс во земјава ќе пристигне во јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.