Учеството во пописот е задолжително. За поттикнување бојкот ќе има кривично гонење, а оние кои ќе одбијат да се попишат ќе се казнуваат прекршочно со парични казни до до 300 евра, соопшти владиниот портпарол Душко Арсовски на попладневната прес-конференција.

Уште еднаш денеска од Владата на Македонија стигна пораката дека одложувањето на пописот не е опција и тој ќе се спроведе од 1 до 21 април.

Во однос на безбедноста уште еднаш ќе повториме дека стандардите за заштита се највисоки и во целост ги штитат граѓаните и попишувачите и тука не треба да постои никаква дилема, граѓаните ќе бидат заштитени. Пописот се спроведува и ќе се спроведе целосно безбедно по сите стандарди, рече Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа како ќе се спроведе попис во услови кога бројките на заразени секојдневно растат. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.