Алсат повикувајќи се на извори во МВР објави дека веќе се испратени 8 платни налози од по 20 евра за дел од гостите во кабинетот на Артан Груби. Меѓу нив се лидерот Али Ахмети, домаќинот Груби, како и за Бујар Османи. Во меѓувреме, надлежните институции работат и на нови казни кои се однесуваат на забраната за јавно групирање на повеќе од 4 лица.
Шеесет и вториот роденден на Али Ахмети и пуштањето во употреба на просториите во новата барокна зграда од 14 милиони евра, каде ќе биде седиштето на новото Министерство за политички систем беше повод најтесното раководство на ДУИ пред два дена да се собере на седенка во објектот без маски и без растојание.
Веќе два дена случајот го истражува и Инспекцискиот совет, а фотографијата стана вирална низ социјалните мрежи.
Извор:Алсат
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.