Дивеењето на Мерко е последица на лошата и хазардерска политика на владата да им ги помири долговите на општините. Еј, да се офира некој овака со коли и чалам и тоа во момент кога јавноста е веќе надркана за пожарите и горењето на трската.
Просечната старост на противпожарните возила во Струга е 38 години, еееј, ауди од 70 илјади евра купува.
Значи вие ни се смеете во фаца, ни ја трљате мизеријава од глава и ни се церекате.
Заев беше ли во Охрид вчера, виде ли нешто, нотира ли овој лик нешто освен својата херојска аура, о премиер–нобеловец.
Кажете му дека гори во Преспа, еј Преспа премиере, како Преспански договор, ти текнуе?! – напиша поранешниот функционер во СДСМ, Ивор Мицковски на својот фејсбук профил како реакција на изјавата на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

Мерко вчера го оправдуваше својот потег – да купи службено ауди од над 60 000 евра.

Па еден обичен граѓанин вози денес поскапа кола од мене – рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.