„Кажете кој доктор ќе ви го прими“, биле зборовите кои Елизабета Гиовска ги слушнала од Брзата помош откако побарала до болница да се пренесе хронично болно, воедно и позитвно лице, на кое му било потребна кислородна поддршка.
Немам намера никого да оптеретувам со моите проблеми, ама имам потреба да го искажам револтот што го чувствувам од дното на душата. Синоќа, 9 март, десет пати се јавив во Брза помош да префрлат лице позитивно на ковид-19, а воедно хронично болен од ХОББ (Хронична обструктивна белодробна болест), бидејќи му треба кислородна поддршка. Не сакаа да дојдат со образложение „Кажете кој доктор ќе ви го прими пациентот“ и сè ште не се дојдени. Не е здравствово катастрофа, катаклизма е!, пишува гневно таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.