На пат кон скопските клиники почина 65-годишна кавадарчанка заразена со Ковид-19. Таа била хопситализирана на Ковид-19 одделението во кавадаречката болница.
Како што за МИА потврдува д-р Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог од кавадаречкиот Центар за јавно здравје, во последните 24 часа во Кавадарци се потврдени 11 нови позитивни случаи на Ковид-19.
Новозаболените се на возраст од една до 61 година, од двата пола.
Едно лице на возраст од 38 години е хоспитализирано на скопска клиника.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.