Само неколку часови по инцидентот во Сингелиќ се појавија фотографии од неколкумина од сторителите кои го нарушиле полицискиот час и кои по интервенција на градоначаникот на Гази Баба, Борче Георгиевски.
Социјалните мрежи се полни со фотографии на извесен Берат како го прекршува полицискиот час и како се фали дека „работи за доброто на граѓаните“.
Тој берат е фотографиран со половина министри на СДСМ, како и со вицепремиерката Радмила Шекеринска,техничкиот премиер Спасовски и со претседателот Пендаровски.
Од МВР посочуваат дека по лишувањето од слобода на лицата, поголема група граѓани излегле на ул.„Алија Авдовиќ“, во знак на протест.
-По изготвената соодветна документација, лицата се пуштени од полициската станица, а насобраната група граѓани се разотишла. Ќе бидат преземени соодветни мерки и против останатите лица што не го почитуваа ограничувањето на движење, посочуваат од МВР
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.