Не можам да кажам дека сум голем оптимист, но можам да ви кажам дека во секој случај европското јавно мислење целосно ја поддржува вашата позиција и генерално перспективата на Западен Балкан, вели поранешниот министер за надворешни работи на Грција Јоргос Катругалос во интервју за МКД.мк. Имате сојузници во ЕУ, но има и забелешки за вас, Бугарија не е сама. Таа може да се убеди само со колективен напор на ЕУ, вели тој. Доцниме со спроведувањето на Преспанскиот договор, признава Катругалос.
МКД: Вие нѐ поддржувате, повеќето членки на ЕУ ја поддржуваат нашата позиција, но на крај има една земја-членка што е против тоа. Како ќе ја разубедиме таа земја, во случајов Бугарија?
Не сум сосема сигурен дека е само една земја. Ние знаеме една земја бидејќи е многу гласна во однос на ова прашање, но не можам да речам дека нема забелешки, има забелешки, вели тој.
МКД: Од други земји?
Претпоставувам дека е така. Ја видовте информацијата на Ројтерс за проширувањето. Она што е поддршка сега е генерална поддршка на јавното мислење, мислам во повеќето земји, повторно не велам во сите земји. А како ќе се трансформира таа поддршка е политичка одлука. Целосно ја разбирам фрустрацијата и разочарувањето кај луѓето во Македонија. Единствената работа што можам да ја кажам е дека немате само забелешки, туку имате и сојузници. Ние во Грција сме посветени да ви помогнеме, истакна Катругалос.
Целото интервју со него, прочитајте го на МКД.МК
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.