Не можам да кажам дека сум голем оптимист, но можам да ви кажам дека во секој случај европското јавно мислење целосно ја поддржува вашата позиција и генерално перспективата на Западен Балкан, вели поранешниот министер за надворешни работи на Грција Јоргос Катругалос во интервју за МКД.мк. Имате сојузници во ЕУ, но има и забелешки за вас, Бугарија не е сама. Таа може да се убеди само со колективен напор на ЕУ, вели тој. Доцниме со спроведувањето на Преспанскиот договор, признава Катругалос.
За кредибилитетот на Европската Унија, од аспект на овие прашања Катругалос вели:
Тоа е голем проблем. Многу пати сум рекол, ако не ја вратите довербата кај граѓаните на Македонија, ќе загубите важен капитал на доверба. Не само за Македонија. Македонија гледа во другите земји од регионот за да види што ќе се случи, бидејќи вие не само што се обидовте да направивте реформи според генералните услови, туку се обидовте и да ги решите проблемите со соседите. Затоа ние, како Грци, не само за мојата политичка партија, туку сите политички партии, инсистираме дека вие имате приоритет. Јас целосно го разбирам тоа. Тоа не е проблем само за вас, тоа е проблем на политичката интеграција на Европа.
Целото интервју овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.