Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева замина во истгражниот затвор „Шуто Оризари“ откако неколку часа во Кривичниот суд се судијата на претходна постапка Сеат Реџепагиќ одлучувал дали ќе оди во притвор за злоупотреба на службената положба и овластувања во врска со предметот „Рекет“.
Таа се сомничи дека ја злоупотребила службената позиција и остварила лична корист со тоа што, најпрво влијаела за ослободувње од притвор и враќање на патната исправа, а потоа и дала предлог да се олесни положбата на осомничениот за „Империја“ со негово прифаќање како сведок во постапката.
Јанева во Државната комисија за спречување корупција пријавила два стана во Скопје едниот од 68 метри квадратни, а другиот од 72 метри квадратни на име на нејзините деца, куќа во Гевгелија на свое име, земјоделско земјиште во Мрзенци и плац во Коњско, а и три возила, Ровер 45, Ауди А4 и Голф 4.
Пријавила и депозити и кредитни картички на свое име и на децата, како и кредити.
Ова е целиот имотен лист.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.