Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева неколку часа вршеше увид во доказите кои ги собрало Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција против нејзе.

Јанева беше донесена во Обвинителството со полициска придружба, но поради куќниот ред на затворот во Шутка по три часа Јанева замина од Обвинителството, а увидот го продолжија нејзините адвокати.

Јанева не го видела исказот на Зоран Милески – Кичеец, кој е второосомничен во истрагата за „Рекет“, но ги видела исказите на сведоците во овој случај, а меѓу нив се и исказите на нејзините поранешни колеги на кои им беше претпоставена, обвинителите, Лиле Стефанова, Елизабета Јосифовска и Бурим Рустеми.

Исказот на второосомничениот на Кичеец „Не ни беше даден на увид исказот на второсомничениот, без образложение. Нас ни беа дадени на увид исказите на сведоците, но не и на осомничените бидејќи обвинителството немало таква обврска. Нашето мислење е различни бидејќи нивните искази во однос на осомничените треба да се третираат како искази на сведоци, изјавија адвокатите на Јанева Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев.

Тие исто така истакнаа дека сè уште ги немаат видено ПИ-мерките под кои била Јанева во текот на предистражната постапка.

Јанева беше спроведена во вторникот да даде исказ во Обвинителството, но и таа како и првоосомничениот во аферата одлучија да дадат исказ откако ќе направат увид во доказите.

Истрагата за еден дел од овој случај, во делот за тоа дека наводно издејствувале над 1 милион евра од бизнисменот Орце Камчев кој беше осомничен во случајот „Империја“ на СЈО. Засега за аферата се осомничени само Јовановски, Кичеец и Јанева. Јовановски и Јанева засега немаат дадено исказ во Обвинителството, а Кичеец беше донесен таму два пати, а еднаш дал и исказ. По завршувањето на истрагата единствено тој од Шутка замина во домашен притвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.