Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е спроведена во Кривичниот суд преку гаражите, со што фоторепортерите распоредени околу судот не успеаја да ја фотографираат како влегува на распит пред судија на претходна постапка, кој треба да одлучи дали ќе ѝ одреди мерка притвор.
Катица Јанева се сомничи дека учествувала во случајот „Рекет”, во кој првоосомничен и второосомничен се Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец.
Јавното обвинителство денеска најави дека ќе побара притвор за Катица Јанева откако ја прошири истрагата за случајот„Рекет”.
Специјалната јавната обвинителка ја злоупотребила службената положба со тоа што преку Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец издејствувала на бизнисменот Орце Камчев да му биде олеснета положбата како осомничен за случајот „Империја”. Според истрагата, Јанева се стекнала со 298.000 денари имотна корист, претежно во мебел и предмети.
При претрес во СЈО бил одземен компјутерот на Јанева, а во текот на денот ќе се знае дали таа ќе заврши во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.