Специјалното јавно обвинителство (СЈО), кое инаку официјално не функционира, известува дека надоместоците за доверливост кои ги добивале обвинителите не биле повисоки од земјите во регионот и дека поранешната специјалната јавна обвинителка Катица Јанева била таа која ги одредувала, објави „Дојче веле“.

Извори од СЈО потврдуваат дека висината на исплаќаните бонуси зависела од обемот и тежината на задачата, како и од тежината на предметот, односно материјалите со кои е во контакт еден обвинител од СЈО.

Надоместок за доверливост изнесувал околу 21.500 евра во текот на една година, односно за период од четири години по таа основа обвинителите од СЈО добиле вкупен износ од околу 90.000 евра, без Специјалниот јавен обвинител, кој добил поголем износ, но ни приближно како што се наведува во некои медиуми, вели внатрешен извор за „ДВ“.

Имајќи го предвид профилот на лицата од разговорите и извонредно големата можност да се искомпромитираат и лицата и содржината на разговорите, јасно е дека довербата е основен елемент на прием на вработени, паралелно со формалните услови за соодветното работно место на секој вработен. Начинот на заштита за да не протечат разговорите е уреден со внатрешни акти, а меѓу другото и со договори за доверливост помеѓу СЈО и секој вработен. Секое вработено лице добива паричен износ за почитување и исполнување на тој договор, во зависност од типот на прислушувани разговори со кои има допир”, објаснуваат од СЈО.

извор: Дојче веле



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.