Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е изнесена од нејзиниот дом во Козле. Таа се качи во автомобил во придружба на неколку лица, но на рацете немаше лисици. Вратата од автомобилот – полициско необележано возило, ѝ ја отвори придружбата. Се очекува повеќе информации околу акцијата во Козле, каде е забележано големо присуство на полиција.

Како што дознаваме обвинителката Катица Јанева е одведена на распит, иако нема информација во кое својство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.