Катица Јанева и другите обвинители треба да вратат 1.000.000 евра во државниот буџет!, пишува на фејсбук пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Милошоски пресметал кој колку треба да врати според јавно достапни информации.

Катица треба врати 150.500€ (од земени 157.000€)
Л. Стефанова да врати 87.000€ (од 93.000)
Фатиме Фетаи да врати 81.000€ (добила 87.000€)
Елизабета Јосифоска да врати 101.000€ (од земени 107.000€)
Гаврил Бубевски да врати 80.000€ (од 86.000€)
Артан Ајро да врати 80.000€ (од 86.000)
Трајче Пеливанов 80.000€ (земени 86.000)
Љубомир Лапе 81.000€ (земени 87.000€)
Бурим Рустеми 84.000€ (од 90.000)
Стевчо Донев 101.000€ (земени 107.000€)
Л. Ристоска 66.000 (земени 72.000€)

(пресметка е според јавно достапни информации, бидејќи додатоци кои го надминуваат изрично утврдениот лимит од 35% на основната плата се незаконски и претставуваат стекнување на противправна имотна корист на штета на државниот буџет)
Подолу е објаснувањето за основните плати и за законскиот додаток кој според Законот за платите на обвинителите не смее да е над 35%:
Ако основната плата на Катица Јанева изнесува 60.180 денари, а додатоците од 35 % се во износ од 21.063 денари или вкупно 81.243денари, на што треба да се додаде износот за минат труд, тогаш нејзиниот месечен приход во секој случај треба да е помал од 90.000 денари. Катица Јанева законски смеела да земе додатоци од државниот буџет од околу 6.500 €, за 18 месеци додека била овластен тужител, а разликата до 157.000€ мора да ја врати во буџетот.
Ако основната плата на Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Артан Ајро, Елизабета Јосифоска и останатите обвинители во СЈО без минат труд изнесува 56.640 денари, а додатоците од 35 % се во износ од 19.824 денари или вкупно 76.484,00 денари, на што треба да се додаде износот за минат труд, но во секој случај би требале се вкупно да примаат околу 80.000,00 денари месечно, пишува Милошоски на фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.