Сведокот Ана Камчева на деншното судење истакна дека од неколкуте средби што ги имала со Боки 13 се уверила за блискоста што ја има со Катица Јанева. По влегувањето на нејзиниот сопруг во притвор таа најпрво имала средба со адвокатот Димишков на барање на Зоран Милевски. Таа била однесена во стан во Капиштец кој бил за специјални клиенти.
На средбата адвокатот побарал 2, 4 или 6 милиони евра за да издејствува поблага мерка. Подоцна преку Кичеец и било кажано дека Катица Канева се изјаснила дека цената е 6 милионо евра. За ова го информирала нејзинот сопруг на кој му кажала дека немаат предмет туку проблем Камчева проговори и за средбата која ја имале во домот на Боки на која ја однел Милевски.
Таму била Јанева и Сергеј Варошлија. Ана му дала 350.000 евра на Боки а останатите пари 150.000 евра требало да ги обезбеди Кичеец. Катица и рекла на Ана дека ако оваа средба излезе во јавносга ќе знае дека е од неа. Боки пак бил изнервиран од тоа како му ги дале парите. Парите беа во мали банкноти и тој реагираше дека се во несесер- објасни Камчева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.