Министерството за внатрешни работи соопшти дека пратеникот на Движењето БЕСА, Кастриот Реџепи денеска се појавил во полициска станица каде изјавил дека не исчезнал, туку отишол кај пријател за да избегне публицитет поради собраниската седница.

Во врска со вчера (11.11.2021) добиената пријава во ПС Бит Пазар за К.Р., МВР ве известува дека пред малку К.Р. своеволно дојде во полициска станица и даде изјава дека пријавата е невистинита односно никогаш не бил исчезнат туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница.

Реџепи вчера не се појави на собраниската седница на која требаше да се гласа за недоверба на Владата. Опозицијата се сомневаше дека е киднапиран, но тој преку видео-објава на Фејсбук рече дека не сака да гласа против владата на Заев, односно не сака да ја загрозува евроатлантската иднина на земјава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.