Кастриот Реџепи бил уценуван со аудио и видео материјали од групата на Изет Меџити, дознава порталот на албански јазик Сири.нет. Според текстот, групата го уценувала и му се заканувала ма Реџепи изминатите денови. Реџепи, вчера ги изневери опозициските пратеници и активистите на неговата партија, објавува медиумот на албански јазик „Syri.net“.
Сири.нет тврди дека некои од материјалите се дел од изборната кампањата за локалните избори во 2017 година кога Зекирија Ибраими од Беса беше во трка со Висар Ганиу од ДУИ. Во тоа време шансите за победа на Движењето Беса во Чаир беа многу големи и неспорни, но внатрешното предавство беше главната причина за нивниот пораз.
Тоа после стана причина за поделбата на Движењето Беса на два табора, од каде што беше создадена Алтернатива. Токму главниот протагонист на ова предавство е Кастриот Реџепи, кој работел тајно за Висар Ганиу и овие моменти се регистрирани со аудио и видео. Ова се дозна набрзо по изборите во 2017 година, особено дека , каде се гледа Висар Ганиу на средба со подржувачите на Кастриот Реџепи, кој е дел од религиозна група (секта), кои неодамна создадоа верска организација наречена „сaлaфистичка“.
Станува збор за гласачко тело од околу 2 илјади луѓе, од кои повеќето од нив се под контрола на Реџепи. Зад Висар Ганиу, во другата канцеларија од прозорецот се појавува Кастриот Реџепи со некој друг. Како што дознава порталот од потврдени и добро упатени извори, токму некои членови на групите подржувачи на Изет Меџити му се заканиле на Кастриот Реџепи да не гласа за рушење на владата.
„Кастриот Реџепи беше главниот фактор кој ги расипа односите меѓу Билал Касами и Африм Гаши. Касами и Гаши се жртви на предавството на Реџепи во име на Али Ахмети“, вели за Сури.нет извор близок до двете групи. Но, дали Кастриот Реџепи повторно ќе биде фактор кој ќе ја подели албанската опозиција и големата надеж на Албанците за рушење на ДУИ од власт? Одговорот ќе го дознаеме во наредните недели-пишува „Сури.нет“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.