Бев дел од гарди од гардискиот батаљон, прва гардиска чета, во гардата на Република Македонија. И секогаш кога доаѓаше висок гостин државник, премиер претседател не постројуваа да го пречекаме. Кога го испраќавме нашиот тогашен претседател исто така не постојуваа и кога го пречекувавме кога се враќаше. Така беше и по мене и по мојата генерација 2002, 2003, исто така беше и пред мене. Само вчера видовме како новиот пријател на Зоран Заев доаѓа, а ја нема никаде постоено македонската гарда, го нема македонскиот оркестар да ја интонира македонската химна. И замислете кое оправдување го најдоа, доцнел авионот. Македонската химна вреди колку доцнењето на авионот, луѓе мои. А бараат глас, бараат поддршка од овој народ. Не, не е ни тоа вистината, знаете ли што е вистината? Вистината е што Зоран Заев се срами, да ја слуша заедно со неговиот нов пријател, бидејќи химната почнува со оние стихови, денес над Македонија се раѓа и Македонците се борат за своите правдини. Е тоа му страв да слушне. Затоа што знае дека доаѓа правдата. Затоа што знае дека таа правда порано или подоцна ќе го стигне и него и сите околу него за сиот криминал кои што го сториле, од прв до последен – рече вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред насобраните кавадарчани.

Тој од вечерашниот митинг кој е дел од кампањата за претстојните Претседателски избори порача дека СДСМ се плашат и се срамат.

Е затоа се плашат, затоа се срамат, па побрза оној негов деспотски избран кандидат за претседател Стево, да каже ние ќе ја интонираме химната ама инструментална верзија, немало да ја пејат. Па денеска помалку смешно, помалку трагично, го гледам во Спортскиот центар Борис Трајковски каде што донесоа 300, 400 автобуси од цела Македонија вели ајде да ја пееме химната. Касно е, касно е Стево, доцна е веќе, кога требаше тебе те немаше, доцна е сега. Сега веќе е доцна овој народ на 21 април ќе ви покаже што значи најголема коалиција во историјата на политичка Македонија, со половина милион гласови. И ќе ве испрати на темната страна на македонската политичка историја. Ќе го растераме тој Дамаклов меч што надвиснал над нашата таковина. Вели помалку смешно не и требало на Македонија мајка и требал татко, замислете педагот, професор универзитетски, замислете човек џентлмен. А истиот тој украде кампања од две жени едната е Тереза Меј, другата е Хилари Клинтон. Стево со иста кампања е трета претседателка во светската политика. Зарем тој човек заслужува? Не, гласот за Стево е глас за Зоран Заев тоа е иста паричка со лице и опачина. Сакаме ли уште во Македонија да трае кажувам, заборавам, негирам? Ајде сите во еден глас да кажеме ние сме за честита Македонија, Македонија тоа е она што нас ни треба – додаде Мицкоски.

Тој понатаму подвлече:
И кога ќе имаат проблем да меѓусебе се убедуваат кој колку е паметен, кој колку е голем и убав итн. некој од публика ќе свика, почна од онаа девојка млада дама од Куманово, ако се сеќавате со оние познати три збора… вие господине Заев, па понатаму продолжи со оној малд господин кој што го спореди со Тито, за да најголемата трагедија, а во исто време комедија на кои што и Шекспир може да им позавиди и се случи во Прилеп, најголемото човечко омаловажување, дотерана во адидас тренерки вели сакам татко да ми бидете. Се чудам што ќе се случува и замислете тука не престануваат. Овој истиот што сака да биде претседател вели ве молам немојте да ме фалите повеќе зошто, затоа што ние сме им биле љубоморни. Ама немојте ради нас да престанете ве молиме продолжете фалете го, да види народот со какви ликови си има работа, со кои луѓе си има работа. Тоа е добри луѓе, браќа и сестри реалноста, тоа е конкурентот на нашиот блескав кандидат и иден претседател на Република Македонија. Ние нема да дозволиме, ќе работиме. Ве замолувам, од срце еден до еден, да работиме, да работиме и да покажеме дека ние сме различни од нив, за да победиме. А кога ќе победиме три пати повеќе да работиме, затоа што од пепел ќе треба да си ја креваме државата.









Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.