Претседателот на Движењето Беса Биљал Касами пред малку одржа прес-конференција пред Собранието, на која соопти дека во партијата го прегледале видеообраќањето на Кастриот Реџепи и се убедени дека тој изјавата не ја дал доброволно.

Се работи за снимено видео, за прочитан текст, не во живо. Пратеникот и неговото семејство се пријавени во полиција и ги молиме органите да ја информираат јавноста дека знаат каде е пратеникот и дека се безбедни тој и неговото сејемство. Во оваа ситуација веќе не е важна неговата политичка позиција. После ова, Движењето еса има јасен став дека оваа влада треба да падне. Властите треба да ни кажат дека пратеникот и неговото семејство се здрави и живи, а се друго веќе не е важно, рече Касами пред новинарите.

Касани е убеден дека видеоснимката е направена под присилба, како што изјави и утрово за статусот на Реџепи.

Направено е (видеото) во моментот кога заминав во полиција да ги пријавам Реџепи и неговото семјество за исчезнати. Ако пратеникот бил слободен, и можел доброволно да одлучува, требало да бидат информирани органите и да ми кажат дека знаат каде е. Кога јас одам да го пријавам за исчезнат, излегува ова видео. Затоа дополнително се сомневаме дека целата ситуација е исценирана и е од страна на власта за да нема гласање, дециден е Касами.

Касами ги отфрла тврдењата на Реџепи од видеото дека му се заканувале, затоа што, како што вели, пратеникот се до утрово слободно се движел.

Пратеникот имаше потпишано, а и пред и по тоа слободно се движеше низ градот. Пратеникот има имунитет, не може туку така некој да му се заканува и тој слободно да се движи се до моментот кога треба да дојде во Собранието и да гласа. Исчезнува во моментот кога треба да дојде во Собранието и да гласа. Ситуацијата е многу сериозна и сме во контакт со межународната заедница и уште еднаш – бараме од полиција да излезе со службена информација и да каже дека тие гарантираат за неговата безбедност.

После ова, смета Касами, власта е делегитимирана.

Со вакви криминални методи, може да има и 120 гласа во Собранието. Ова се криминални, терористички методи на спречување на пратеници своеволно да постапуваат. Сега и да дојде, неговиот политички став веќе не е валиден. За мене е важно тој и неговото семејство да се живи и здрав, а потоа органите треба да кажат каде бил и зошто бил таму, рече Касами.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.