Лидерот на Движење Беса, смета дека потребна е реконструкција на Владата. Касами вчера во Клик Плус изјави дека потребно е поместување на фигурите во Влада. Додаде дека сега би размислил два пати дали повторно да гласа за истиот владин кабинет.

-Дали е потребно општа реконструкција на Влада или само во македонскиот блок?

Биљал Касами: Општо во Влада.

-Дали би гласале за актуелниот кабинет уште еднаш, со сите овие имиња кои се внатре?

Биљал Касами: Би размислил два пати.

-За кого од ДУИ не би гласале? Тоа не е тајна. Срам ви е или што?

Касами не одговори за кој актуелен министер на ДУИ не би гласал. Сепак додаде дека ќе има разгледување на позициите во рамките на коалиционите партнери.

„Во политичките партии ние презедовме одговорност, имаме индивидуи и структури на локално ниво кои имаат преземено одговорност за кандидирање одредени лица на чело на општините и општинските совети. Да, сум на мојот став како претседател на Движење Беса дека треба да се разгледаат повторно позициите внатре во политичките партии но и внатре во коалиционите партнери“, посочи Биљал Касами.

Од ДУИ не дадоа конкретен одговор за идејата за реконструкција на Владата, но додадоа дека темата за Владата и што понатаму се теми за кои се уште се разговара.

„Се уште траат разговорите меѓу коалиционите партнери кои започнаа пред 2 недели“, истакна Бујар Османи.

Од СДСМ велат штом ќе имаат информации за оваа прашање ќе ја информираат јавноста.

Извор: ТВ21


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.