Претседателот на Движењето Беса и кандидат за градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами вечерва одржа предизборен митинг во тетовската населба Тетекс.
Тој посочи дека досега Тетово беше заглавен град и време е да биде најубав град во државава.
Со доаѓањето на Беса во локалната самоуправа Тетово ќе има вода за пиење 24 часа на ден, ќе има атмосферска канализација и еднаш засекогаш ќе се реши и заборави проблемот со отпадот. Мора да се донесе и генералниот урбанистички план со тоа што Тетово ќе се прошири, рече Касами.
Кандидатот за градоначалник ги образложи 16 капитални проекти со кои нуди целосна трансформација на Тетово како град. Пред граѓаните се обратија и неколку кандидати за советници жители на тетовската населба Тетекс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.