Изборниот караван на Движењето „Беса” синоќа одржа централен митинг во тетовското село Порој каде ја претстави изборната програма за претстојните локални избори.
Кандидатот за градоначалник на Тетово, Билал Касами, како што денеска информира партијата, најавил победа во Порој. Ветил решавање на проблемот со водоснабдувањето, отпадот, кучињата скитници и развој на економијата.
– Сите 16 проекти на Движењето „Беса” за Тетово ќе бидат реалност за граѓаните во следните четири години. Со Движењето Беса на чело на Општина Тетово, сe може да се постигне, особено кога имате човечки и природни ресурси, кога имате добра волја и желба, способни соработници и прекрасни граѓани. Во визијата на Движењето Беса Тетово ќе биде модерна општина со обучен кадар чиј приоритет ќе биде постојана отчетност за трошење јавни средства, вработени фокусирани на економскиот развој на општината и во служба на бизнисот и граѓаните, посочил Касами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.