На последниот ден од политичката кампања за локалните избори, кандидатот за градоначалник на Тетово и лидер на Беса, Биљал Касами ги повика граѓаните да гласаат за промени, зошто, како што вели, доста е од ова пропаднато раководство.

Ги повикуваме сите граѓани на Тетово со право на глас, без разлика на партиска, етичка или верска припадност, да го остварат своето право, да излезат и да гласаат за промени. Верувам дека граѓаните ќе ја поддржат оваа коалиција, затоа што веќе се разочарани и доста им е од ова пропаднато раководство, кое нема создадено ништо добро за граѓаните. Еднаш засекогаш во локалната власт ДУИ ќе биде тргната од сите општини во полошкиот регион, и зошто да не, на следните избори и од централната власт, порача Касами.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.