Билал Касами импозантно беше пречекан од граѓанити на оваа населба.Тој ја претстави својата програма „Me ka krejt за нашата општина“, каде што вети дека проблемите со кои се соочува оваа населба ќе бидат решени само доколку општина Тетово ја предводи Движењето Беса.
„Една од најчувствителните точки на секоја општина е урбаниот сектор. Лошото управување со овој сектор во општина Тетово донесе вистински хаос во градот, а хаосот во сообраќајот го отежна животот на граѓаните со зголемување на нивото на стресот, оштетување на менталното здравје и влијание врз влошувањето на имиџот на Тетово. Со овие проблеми исто така се соочува и ова населба, затоа ние, за разлика од другите кои го сакаат само вашиот глас, ние ви ви даваме ЗБОР (БЕСА) , како што вели и нашата легенда, ние, доколку е потребно, стануваме и од гроб, бидејќи ние сме луѓе од ЗБОР (БЕСА) “, рече лидерот на Движењето Беса и можен кандидат за градоначалник на Тетово, Билал Касами.
Незадоволството, очајот и револтот што произлегуваат од лошото управување бараат посилно раководство, која ќе ги заштити интересите на нашите граѓани и ќе ја заштити нашата заедничка средина.
Движењето БЕСА е посветено за општина каде што ќе има ред и дисциплина. Примена на законот за сите подеднакво, без оглед на партиската, етничка и верска припадност. Време е да излеземе од ќорсокакот каде што сме, со сиот наш потенцијал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.