Претседателот на партијата и кандидат за градоначалник на Тетово, Билал Касами посочи дека Движење Беса има проекти и планови за сите проблеми со кои се соочува градот, како и за сите други општини каде имаат кандидирано градоначалници.

-Ние тука живееме, тука ги растеме нашите деца. Тука ја градиме иднината, ние сме тука не сме гости во нашите куќи, Тетово е мојата куќа, и ќе се грижиме до последната крв, до последниот здив, за иднината на нашите деца, нашата победа ќе биде во коалиција со граѓаните, нашата победа ќе биде победа на сите чесни луѓе, победа на Тетово. Промените во Тетово ќе се почувствуваат во првите шест месеци. Ние нудиме транспарентни општини и градоначалници кои ќе даваат сметка пред граѓаните, за секој реализиран проект. Сите средства ви гарантираме дека ќе бидат обезбедени од буџетите на општините, нудиме изработка на проекти, за локален економски развој, нудиме бизнис планови и проекти за инвестиции, другите не знаат што ние зборуваме. Инвестиции што ќе доаѓаат од печалбарите, додека ние планираме другите не критикуваат, истакна Билал Касами.

Бесар Дурмиши, носител на листата на Движење Беса за Општина Тетово оцени дека лидерот Касами за два дена сигурно ќе биде нов градоначалник.

-Kражбата на победата од 2017 година не ги демотивираше активистите, Билал Касами за два дена сигурно ќе биде нов градоначалник на Тетово и ќе го заврши периодот кога општината служеше на забава во општина која ќе им служи на граѓаните. Ние сме во коалиција со граѓанинот. Во овие преостанати два дена никој не смее да се сомнева во нашата победа, истакна Дурмиши.

Генералниот секретар на Движењето Беса Aријанит Хоџа на завршниот митинг оцени дека нивните кандидати ги добија сите дебати и дека на 17 октомври партијата ќе ја добие битката.

-Движењето Беса е зајакнато во време кога сите очекуваа дека нема да постои. Нашите противници нудат мегаломански ветувања и големи суми пари. Вие браќа и сестри, земете ги парите и не гласајте за нив, бидејќи тоа се вашите пари што ви се украдени и не гласајте за нив. Така ќе ги казните двапати. И на крајот, нивниот крај ќе биде вашиот глас за Движењето Беса, рече Хоџа.

Движење Беса има кандидати за градоначалници во десет општини и 23 листи со кандидати за советници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.