Кандидатот за градоначалник на Тетово од движењето „Беса“ Билал Касами ветува депотилизација на средните и основните училишта, зголемување на квалитетот на знаење и примена на позитивните практики од Европската унија.
– Приоритет ќе биде привлекување средства од ЕУ, инклузивно образование без разлика, спортски сали за сите основни училишта, олимписки базен за потребите на градските училишта, развој на разни спортови и развој на зимски спортови, велат од „Беса“.
На дебатата, што ја организираше „Беса“, е заклучено дека идниот градоначалник на Тетово треба да им даде приоритет на основните проблеми со кои се соочува основното и средното образование.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.