Лидрот на движењето БЕСА, Билал Касами, денеска се сретна со премиерот Зоран Заев, а тема на состанокот беше продолжувањето на работата на Специјалното јавно обвинителство.
По состанокот Касами изјави дека Движењето БЕСА е за продолжување на мандатот на СЈО до завршување на сите случаи.
Денес ја истакнавме нашата позиција до премиерот. Ние како Движење БЕСА го поддржуваме функционирањето на СЈО со сите свои капацитети. Нагласивме и дека прислушкуваните материјали треба да останат валидни и да ги заклучиме сите случаи што произлегуваат од следењето на комуникациите. Ги дадовме нашите предлози и очекуваме да се прифатат како амндмани. Сакаме „бомбите“ да бидат искористени како докази, рече Касами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.