Движењето Беса вечерва го одржа централниот митинг во Горниот Чашија во Тетово, се наведува во партиското соопштение. Пред присутните, лидерот на Движењето Беса и потенцијален кандидат за градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами ја претстави програмата „ЗА НАШАТА ОПШТИНА“.
Касами во својот говор пред присутните меѓу друго зборувал и за недостатокот на паркинзи во градот Тетово, каде што изјави дека за секој стан и куќа ќе има соодветен паркинг, а во Тетово ќе се градат и паркинзи на кати. тој исто така рече дека додека овој проблем не се реши целосно, паркинзите во Тетово ќе бидат бесплатни.
Програмата на Билал Касами за Тетово предвидува паркинзи на кати во централното подрачје, додека во други области паркинзи со монтажен систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.