Очекувам да победам во Тетово со 2:1 во вториот круг од изборите – порача претседателот на БЕСА и кандидат на партијата за градоначалник во Тетово, Билал Касами за емисијата „Топ тема“.
Касами истакна дека ја очекува поддршката од сите граѓаните на градот, без разлика на партијата.
Сите живеевме во град со ѓубре, опасност од кучиња, без пат и вода за пиење и тоа мораме да го промениме – изјави Касами.
Тој додаде дека на централно ниво имаат стабилна владина коалиција.
И понатаму ќе бидеме дел од Владата. Очекувам од СДСМ да ме поддржат во Тетово – изјави Касами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.