Касами вечерва престојуваше во населбата Гам Гам во Тетово, каде што беше присутен и шефот на изборниот штаб на оваа партија, министерот за земјоделство Арјанит Хоџа, за кого Касами рече дека за прв пат имаме министерот за земјоделство кој е најуспешен во владата  и се занимава повеќе од било кој со проблемите што особено го загрижуваат Полошкиот регион.

Касами, исто така, изјави дека населбата Гам Гам е срцето на градот, но за жал таа остана најоптоварена во Тетово, поради лошата патна инфраструктура и многуте проблеми поради лошото управување од Општина Тетово. Тој, исто така, рече дека на 17 октомври, не само Гам Гам, туку и целото Тетово ќе се ослободи од оваа беда што го зафати, а на чело на општината ќе дојдат луѓе кои имаат конкретни решенија и проекти за секој проблем како на пр. снабдувањето со вода за пиење, канализација, проблемот со кучиња скитници, кои според Касами се елементарни проблеми за кои актуелната градоначалничката секогаш вели дека ги решила, но ние ништо не сме сфатиле.

За време на случајна средба со граѓани и сопственици на занаетчиски продавници, Касами ја претстави и својата програма во врска со развојот на овој сектор.

Тетовската економија се уште има потенциjална енергија. Движењето БЕСА ќе го „обнови“ моделот на економски развој и економска благосостојба преку капитални инвестиции и странски инвестиции, локални проекти, претприемачка иницијатива, развој на агробизнисот, агротуризам и рекреативен и културен туризам, привлекување странски директни инвестиции во економската зона на Тетово, фискални и административни капацитети со цел намалување на невработеноста, особено за младите луѓе.

Општина Тетово предводена од Движењето БЕСА ќе ја гарантира безбедноста на инвестициите и благосостојбата на граѓаните на Тетово, каде што интересите на различните групи и општествени слоеви ќе бидат избалансирани, врз основа на трите меѓусебно поврзани области на економијата, општеството и околината.

Културно – уметничкиот живот на жителите на Тетово е важна цел за Движењето БЕСА. Затоа, Движењето БЕСА преку конкретни проекти ќе ги поддржи театрите, библиотеките, културните работници, културните и уметничките друштва. Ќе имаме посебна грижа и посветеност кон културното и историското наследство, како и кон потенцијалот на културниот туризам. Исто така, во областа на културата, ќе иницираме соработка со институции од регионот, со цел размена на добри практики и искуства.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.