Лидерот на Беса, Биљал Касами, при гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 искажа критики кон ДУИ и нивните министри.
Одговарајќи на прашањето како би го коментирал предлогот на ДУИ за изградба на голф терен на Попова Шапка, Касами одговори:
Ова е веќе познато. ДУИ ветува многу работи пред избори, но ништо не реализира. Тоа веќе го видовме.
Касами додаде дека министрите на ДУИ промовираат проекти што не се во нивна надлежност.
Министрите на ДУИ се смешни. Промовираат проекти кои не се во нивна надлежност. Проекти за кои немаат ништо направено повеќе од 15 години и сега излегуваат на прес-конференции и ги промовираат како нивна заслуга. Тие проекти се проекти на владата предводена од Заев. На пример најавената инвестиција на Попова Шапка, патот Блаце – Скопје и други проекти се проекти на оваа влада предводена од Заев, а не од ДУИ. Затоа замолувам да не трчаат да промовираат проекти за кои не направиле ништо 15 години – изјави Касами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.