Движењето Беса ќе ја поддржува Владата се додека се движи по евроинтегративниот пат. Ова е ставот на лидерот на партијата Биљал Касами кој вчера го соопшти во емисијата „Вистинска приказна“ на албанската телевизија Њуз 24.

– За нас интеграцијата во ЕУ е приоритет над приоритетите. Подготвени сме да ги надминеме сите длабоки разлики со ДУИ. Единствениот фактор што не држи заедно во оваа Влада е интеграцијата во ЕУ. Сè додека оваа Влада го продолжува интегративниот пат, ние ќе ја поддржуваме, нагласи Касами оценувајќи дека Македонија не може да биде изолиран остров и мора да има соработка со западните партнери, обвинувајќи ја притоа ДУИ дека е „блокатор на интеграциите“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.