Неколку дена откако СДСМ и ДУИ успеаја да го опструираат изгласувањето на недоверба на Владата, Собранието си продолжува нормално да работи. Ова всушност и не може да се нарече нормална состојба ако се знае односот на силите во Законодавниот дом.
Никој со сигурност не може да потврди колку пратеници има власта, а колку опозицијата, а згора на тоа го имаме и „киднипираниот“ Кастриот Реџепи“ кој денеска треба да излезе од „заробеништво“ и да каже како ќе делува.
Но, како и да е, никој не може да се пофали дека има парламентарно мнозинство. Власта се обидува да го зголеми со „докупување“ пратеници. Најблиску до таборот на СДСМ и ДУИ засега се Алтернатива.
Од друга страна, пак, ВМРО-ДПМНЕ бара брзи избори како единствено решение за политичката криза. Сепак за избори потребно е распуштање на Собранието, а за тоа е потребен 61 глас што во моментов никој го нема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.