Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и членови на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Карпош се потпишаа на кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова во подрачната единица на Министерството за правда во општина Карпош.
На тој начин Мискоски, членовите на ВМРо-ДПМНЕ, но и карпошани, ја изразија својата недвосмислена поддршка на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова.
Сведоци сме на перманентно кршење на правото и правдината и еден од условите Македонија повторно да заличи на правна држава и демократска е токму победата на идните претседателски избори кои ќе се случат на 21 април, односно 5 мај. Јас сум силно убеден дека ВМРО-ДПМНЕ со професорката Гордана, но и со граѓаните на Република Македонија ќе извојува убедлива победа над она што ќе го кандидира деспотот Заев, СДСМ и групата која што е собрана околу него и практично од тој ден започнува враќањето на правото и правдината во Македонија, рече Мискоцски во изјавајта за медиумите.
Гордана Силјановска Давкова, иако е номинирана од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за претседател на Македонија, започна со собирање на 10.000 граѓански потписи.
Професорката не мора да го прави тоа, бидејќи ја има поддршката од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, но уште на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга рече дека ќе ги собира овие потписи за да се прикаже како натпартиски граѓански кандидат.
Како што ветив во Струга, Ве известувам дека формално ја информирав Државната Изборна Комисија за започнување на процесот на собирање на најмалку 10 илјади потписи за претседателската кандидатура Од утре сите вие што мислите дека е време во Македонија да започнат суштински промени на подобро, на 46 локации низ цела Македонија ќе може да ги дадете вашите потписи. Време е без разлика на партиската, етничката, половата, старосната структура да се обединиме и да ја вратиме Македонија во нормала Во текот на денот дополнително ќе бидете информирани за точните локации, процедури и потребни документи, информираше Силјановска.
Силјановска доби поддршка во Битола, но и во Велес, а потписи на нејзината кандидатура дадоа и членовите на ОК Ѓорче Петров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.